fbpx

Насоки за доставување на труд

Трудовите треба да бидат испратени на англиски јазик, на соодветните емаил адреси наведени во повикот за доставување на апстракти. Апстрактите и документите треба да се испратат истовремено во .doc/.docx и во .pdf формат.

Апстракт

Апстрактот претставува самостојно резиме на најважните елементи на трудот. Негова цел е да го привлече интересот на потенцијалниот читател на трудот. Апстрактот треба да се однесува на следново:

  • Целта на истражувањето
  • Дизајн / методологија
  • Резултати / констатации
  • Практични импликации и заклучоци

Главен текст на трудот

Текстот на трудот треба да се организира така што истиот може да биде поделен на делови и под-делови. Овие делови и под-делови треба да бидат нумерирани и да бидат напишани со BOLD. На првата страница од трудот треба да се напише: наслов на трудот; име на авторот заедно со академското звање; е-адресата на авторот и името и адресата на институцијата или организацијата каде што авторот е вработен или со која соработува. По овие информации следи апстрактот, кој треба да содржи меѓу 150 и 300 зборови. На крајот од апстрактот треба да се дадат клучни зборови (3-5), за полесно индексирање и класификација на трудот. Должината на целиот труд треба да биде помеѓу 4.000-6.000 зборови.

Целосниот труд треба да биде организиран на следниов начин:

1)      Вовед
2)      Преглед на литературата
3)      Истражувачка методологија
4)      Констатации / резултати
5)      Дискусии и заклучоци
6)      Ограничувања и насоки за идно истражување
7)      Литература
8)      Прилози

Стил

  • Форматот на страницата треба да биде A4.
  • Големина на фонт: главен текст – 12 pt. Times New Roman; фусноти- 10 pt. Times New Roman
  • Сите маргини (лево, десно, горе и долу) треба да бидат 3.8 cm, вклучително и табелите и сликите.
  • Проредот да биде 1.5 за главниот текст а 1 за фуснотите. Текстот да биде во една колона со justified порамнување. Растојание помеѓу пасуси: 6-потоа; 0-пред.
  • Заглавија (headings) (на пример, почетоците од деловите) треба да ја следат следнава хиерархија: (1) центриран и со болд; (2) лево центриран и со болд; (3) in-line параграф, со италик.
  • Кога правиме упатувања, треба да се следи Harvard стилот на референцирање. Фусноти да се користат само за коментирање или дополнување на текстот. Користената литература (библиографија или друга користена литература) ќе биде наведена на крајот од трудот и во неа треба да се наведат целосните детали за секој од изворите споменат во трудот. Доколку има исклучително долги фусноти, подобро е истите да бидат наведени во Прилог.