Политика за уредување и рецензија

Уредувачка политика

Основната уредувачка политика се заснова на следново:

  • ги покануваме авторите да достават свои дела кои не се објавени и не се доставени за објавување на друго место;
  • рецензијата и објавувањето на трудовите се бесплатни;
  • списанието се објавува на англиски и македонски јазик.

“Double-blind” рецензија

Сите написи се предмет на double-blind рецензија. Меѓународно познати експерти од академскиот, истражувачкиот и деловниот свет се вклучени во процесот на рецензирање, како членови на меѓународен уредувачки одбор. Целта е да им се понуди на авторите можност да ги подобрат своите текстови користејќи анонимни рецензии во согласност со најдобрите академски и истражувачки стандарди.

Откако уредниците ќе утврдат дека примениот труд ја следи целта и влегува во опсегот на списанието како и дека е соодветно за рецензија, делото се испраќа до двајца независни рецензенти на double blind review. Рецензентите не се институционално поврзани со авторот на написот доставен за објавување.

Примарната улога на рецензиите е да им помогнат на соработниците да достигнат ниво на квалитет што може да се објави, а не да дадат причина да не се прифати делото. Рецензентите се слободни да избираат меѓу сите опции: од целосно прифаќање, преку сугерирање или барање промени, па се до одбивање. Промените предложени од рецензентите може да бидат предмет на дискусија со авторите, со што се дава форум за научни и/или професионални аргументи. Процесот на рецензија вообичаено трае помеѓу две и четири недели.

Целата комуникација помеѓу авторите и рецензентите се спроведува анонимно.

Авторите можат да поднесат приговор на уредувачките одлуки со доставување писмено образложение до уредувачката канцеларија. Приговорите ги разгледува главниот уредник или независен член на Уредувачкиот одбор кој не бил вклучен во првичната одлука. Списанието настојува да одговори во разумен рок.