fbpx

Листа за проверка пред поднесување

Како дел од процесот на поднесување, од авторите се бара да ја проверат усогласеноста на нивните поднесоци со сите следни ставки, а поднесоците може да се вратат на авторите кои не се придржуваат до овие упатства:

  • поднесениот труд не е претходно објавен, ниту е испратен до некое друго списание за разгледување (или е дадено објаснување во Коментари до уредникот);
  • трудот е спремен за поднесување во формат .doc/.docx и .pdf;
  • сите извори наведени во трудот се соодветно референцирани, следејќи го Харвард стилот;
  • текстот (апстрактот и главниот текст) е пишуван следејќи ги соодветните упатства за авторите.

Изјава на авторот(ите):

  • резултатите од трудот се оригинални и не се претходно објавени во ниту еден медиум ниту се доставени за објавување на друго место;
  • автор(ите) ги почитувале етичките, професионалните и истражувачките стандарди на КАИРОС при изработка на трудот;
  • авторот(ите) ги доделуваат авторските права или ги лиценцираат правата за објавување во нивните статии, вклучително и апстракти, на Институтот за комуникациски студии;
  • авторот(ите) ги задржуваат правата уредени според CC BY-NC 4.0;
  • автор(ите) се одговорни за сите изјави дадени во нивното дело и за добивање соодветни дозволи од сопствениците на авторските права.