fbpx

Одговорности на рецензентот

Соработка

Рецензијата му помага на авторот да го подобри својот труд согласно најдобрите и современи академски и истражувачките стандарди.

Ажурност

Секој поканет рецензент кој се чувствува неквалификуван да го прегледа истражувањето објавено во некој труд или знае дека нема да биде во можност навремено да го разгледа трудот, веднаш го известува издавачот, за да може да се контактираат други рецензенти.

Доверливост

Сите дела пристигнати за рецензија мора да се третираат како доверливи документи. Тие не смеат да се прикажуваат или да се дискутираат со други, освен ако тоа не е одобрено од издавачот, во консултација со авторот.

Стандарди на објективност

Рецензиите треба да се вршат објективно. Критика упатена лично до авторот е неприфатлива. Рецензентите треба јасно да ги изразат своите ставови, давајќи соодветни придружни аргументи.

Признание на извори

Рецензентите треба да ги идентификуваат релевантните објавени дела што не биле цитирани од авторите. Рецензентот, исто така, треба да им посочи на уредниците за секоја значителна сличност или преклопување помеѓу трудот што се разгледува и некои други објавени податоци за кои тие имаат лично знаење.

Посочување и судир на интереси

Информациите или идеите добиени преку рецензија мора да се сметаат за доверливи и да не се користат за лична корист. Рецензентите не треба да се впуштат во оценување на трудови за кои имаат судир на интереси кои произлегуваат од односи на конкуренција, соработка или други односи или врски со некој од авторите, компаниите или институциите поврзани со поднесеното дело.