За издавачот
КАИРОС е во сопственост и се објавува од страна на Институтот за комуникациски студии (ИКС).
Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Мисијата на ИКС е да помогне во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
ИКС води сопствен академски блог, „Рес публика“, чија цел е да ги поттикне студентите, професорите, граѓанските активисти, новинарите, креаторите на политики и претставниците на други заедници да учествуваат во јавна дебата за прашања од јавен интерес. ИКС е и единствената институција во регионот што има УНЕСКО катедра за писменост за иднината, со што дополнително ја зајакнува својата улога во унапредување на современото образование, истражувањето и јавниот дијалог.
