Одговорности на авторот
Стандарди за истражување
Авторите кои известуваат за резултатите од оригиналното истражување треба да презентираат точен приказ на извршената работа, како и објективна дискусија за нејзиното значење. Основните податоци треба да бидат прецизно претставени во делото. Трудот треба да содржи доволно детали и референци што би им дозволило на други да ја реплицираат работата. Лажни или свесно неточни изјави претставуваат неетичко однесување и се неприфатливи.
Плагијаризам
Авторите треба да се погрижат и да потврдат дека напишале целосно оригинални дела и ако авторите користеле дела и/или зборови на други, тоа да биде соодветно цитирано односно да биде наведен изворот.
Повеќекратно објавување
Издавачот нема да прифати труд кој е веќе објавен во друг медиум или во друга слична публикација. Авторот исто така не смее да поднесе труд кој е веќе доставен за објавување во друг медиум или слична публикација.
Користење на извори
Секогаш мора да се даде соодветно признание за работата на другите. Авторите треба да цитираат извори (написи, истражувања и др.) кои им помогнале во изработката на трудот.
Авторство на трудот
Сите кои дале значителен придонес во изработката на трудот треба да бидат наведени како коавтори. Водечкиот автор треба да се увери дека сите коавтори се согласиле за апстрактот, а потоа и целосната верзија на трудот да бидат доставени за објава во КАИРОС.
Грешки во објавените трудови
Кога авторот ќе открие значителна грешка или неточност во неговото/нејзиното објавено дело, обврска на авторот е веднаш да ги извести уредниците или издавачот на списанието и да соработува со нив за да го повлече трудот или да објави соодветна корекција.
Корекции и/или повлекување на трудот
Во случаи на плагијаризам или злоупотреба, издавачоте на КАИРОС, во соработка со уредниците, ќе преземат мерки за разјаснување на случајот, и ќе одлучат дали е возможна корекција на трудот или е потребно негово целосно повлекување од журналот.