fbpx

Интернетот како сфера на јавната политика

Број 4 | јуни 2024
Сеад Џигал
Меѓународен балкански универзитет
УДК: 004.738.5:32.019.5

Апстракт

Појавата и развојот на интернетот влијае на преобликување на пејзажот на политичката комуникација и на политичкиот дискурс, претворајќи го во јавна област која излегува надвор од географските граници и традиционално воспоставените хиерархии. Овој труд ја истражува улогата на интернетот како платформа за политички ангажман, комуникација и мобилизација. Разгледувајќи разни теории кои се однесуваат на јавната сфера и со користење емпириски студии, трудот испитува на кој начин дигиталните технологии го демократизираа пристапот до информации, како им овозможија на разните субјекти да бидат учесници во политичките дискусии и како овозможија да се олесни колективното дејствување. Потенцијалот на интернетот да биде област на јавна политика е проследен со предизвици и контроверзности. Прашањата како што се ехо-комори, филтер-меури и ширењето дезинформации предизвикуваат загриженост во однос на квалитетот и инклузивноста на политичките дискусии кои се одвиваат онлајн. Покрај тоа, концентрацијата на моќ во неколку технолошки гиганти е нешто што претставува ризик за демократското владеење и за слободата на изразување. Без разлика на сите овие предизвици, интернетот во исто време претставува и можност за унапредување на демократските практики и на граѓанскиот ангажман. Платформите за граѓанско новинарство, онлајн-петициите и активизмот на социјалните мрежи им овозможуваат на поединците да бараат одговорност од владите и од институциите. Покрај тоа, дигиталните алатки им овозможуваат на маргинализираните групи позасилено да го искажат својот глас и да се залагаат за социјална правда. Ако луѓето можат слободно да се поврзат на интернет без притоа да има корпоративни, економски и државни ограничувања, тогаш интернетот може да функционира како отворена и демократска јавна сфера. Овој труд завршува со дискусија во врска со идните насоки за истражување и политички интервенции кои се насочени кон зајакнување на улогата на интернетот како енергична и инклузивна јавна политичка сфера.

Клучни зборови: интернет, нови медиуми, политика, јавна сфера, демократија