Медиумската писменост во ерата на синтетичките медиуми и генеративната вештачка интелигенција: перцепции на наставниците од основното образование

Број 9 | ноември 2026
Маја Митевска-Поцева
DOI: 10.64370/VSEP9858

Апстракт

Динамичниот развој на генеративната вештачка интелигенција и појавата на синтетичките медиуми значително го трансформираат современиот медиумски екосистем, отворајќи нови можности, но и поставувајќи сериозни предизвици за медиумската и информациската писменост. Сè почестото присуство на содржини генерирани со вештачка интелигенција (текст, слика, аудио и видео) ја заматува границата меѓу автентичните и синтетичките информации, што води кон преиспитување на традиционалните концепти и кон потреба од нови компетенции за функционирање во дигиталното општество. Во овој контекст, критичкото размислување, писменоста за вештачка интелигенција и алгоритамската писменост стануваат клучни елементи на современото медиумско образование. Целта на овој труд е да ги анализира импликациите на синтетичките медиуми врз медиумската и информациската писменост и потребата од редефинирање на образовните компетенции во услови на генеративна вештачка интелигенција, преку испитување на перцепциите на наставниците од основното образование. Истражувањето комбинира теориска анализа на релевантната литература и емпириско истражување со анкетен прашалник. Фокусот е ставен на свесноста на наставниците за синтетичките медиуми, нивните ставови за примената на генеративната вештачка интелигенција во образованието и потребата од развивање нови компетенции кај учениците и наставниците. Се очекува резултатите да покажат дека традиционалните модели на медиумска и информациска писменост не се доволни и дека е неопходно нивно проширување преку интегрирање на писменоста за вештачка интелигенција, алгоритамската писменост и критичкото размислување како клучни компетенции на 21 век. Наодите од истражувањето можат да придонесат кон унапредување на теориските сознанија во областа на медиумското образование, како и кон креирање современи образовни политики и практики насочени кон развој на критички, одговорни и медиумски писмени граѓани.

Клучни зборови: синтетички медиуми; генеративна вештачка интелигенција; писменост за вештачка интелигенција; алгоритамска писменост; критичко размислување