Листа за проверка пред поднесување
Како дел од процесот на поднесување, од авторите се бара да ја проверат усогласеноста на нивните поднесоци со сите следни ставки, а поднесоците може да се вратат на авторите кои не се придржуваат до овие упатства:
- поднесениот труд не е претходно објавен, ниту е испратен до некое друго списание за разгледување (или е дадено објаснување во Коментари до уредникот);
- трудот е спремен за поднесување во формат .doc/.docx и .pdf;
- сите извори наведени во трудот се соодветно референцирани, следејќи го Харвард стилот;
- текстот (апстрактот и главниот текст) е пишуван следејќи ги соодветните упатства за авторите.
Изјава на авторот(ите):
- резултатите од трудот се оригинални и не се претходно објавени во ниту еден медиум ниту се доставени за објавување на друго место;
- автор(ите) ги почитувале етичките, професионалните и истражувачките стандарди на КАИРОС при изработка на трудот;
- авторот(ите) ги доделуваат авторските права или ги лиценцираат правата за објавување во нивните статии, вклучително и апстракти, на Институтот за комуникациски студии;
- авторот(ите) ги задржуваат правата уредени според CC BY-NC 4.0;
- автор(ите) се одговорни за сите изјави дадени во нивното дело и за добивање соодветни дозволи од сопствениците на авторските права.