fbpx

Децата и различноста во медиумите: Што е она што го пропуштаме?

Број 1 | јуни 2022
Ева Лондо

Апстракт

Шрек, познат како страшниот огар од мочуриштето, но кој многу попознат им е всушност на децата, се вљубува во убавата принцеза Фиона, која ноќе се претвора во грдо чудовиште. Фиона, опседната со својот изглед, нетрпеливо чека да биде спасена и сакана од Шармантниот Принц и да ја задржи својата дневна убавина, или во спротивно, ќе остане грдо и несакано чудовиште. Има уште неколку филмови за деца кои ја проектираат општествената реакција и отфрлањето на различното од она што е норма. Овие слики се прикажани во различни форми: играни филмови, цртани филмови, вести итн., со што се создаваат граѓани склони да го исклучат сето она што е нетипично, разновидно и необично. Во секој случај, избраните информации кои се нудат од медиумите влијаат врз тоа како луѓето се запознаваат со човековата различност (Naficy & Gabriel 1993, O’Barr 1994, цитиран од Cortes 2000) и ги интензивираат социјалните и културолошките прашања. Децата го градат својот социјален конструкт главно од информациите што ги добиваат од медиумите, што им помага да создадат модели и да го дефинираат своето разбирање за светот. Оваа информација може да биде едноставна, како што е цртан филм, или да биде повеќеслојна, како што се овие филмови, но може да има семантички и стереотипни нијанси што се спакувани на атрактивен начин, претставени како вести или како забава, и понудени како факт или измислица. Во конкретен контекст, децата се со тенденција да имаат предрасуди кон различна и етничка група (Teichman & Zafrir 2003, Cortes 2000), и тоа почнува да доаѓа до израз на возраст од 5-7 години така што се дружат, главно, со своите врсници и со отфрлање на сите други кои се различни (Nesdale & Lambert 2007). Слично на ова, тие реагираат против оние врсници кои покажуваат карактеристики што се сметаат за „ненормални“ или нетипични според општествените норми, како што се бојата на кожата, физичкиот изглед или други разлики, како што се нарушувањата на говорот. Голем број студии ги истражувале факторите што влијаат врз ова стереотипно однесување, но повеќето како причина за тоа ја нагласуваат улогата на медиумите. Овој труд ќе заземе интердисциплинарен пристап кон литературата со цел да ја разбере непредвидливоста кај децата во однос на медиумските содржини, ќе се обиде да посочи некои примери за придонесот што го имаат албанските медиуми во создавањето пристрасна перцепција за различни општествени и културни групи и ќе ги истражи можните начини за едукација на децата во врска со прашањата на различностите.

Клучни зборови:

Слики преку медиуми, когнитивно знаење, различност