fbpx

Важноста на критичката писменост за наставниците и за студентите кога користат платно на бизнис-модел како алатка

Број 1 | јуни 2022
Каролина Бабиќ, Пеѓа Ашанин Голе

Апстракт

Целта на овој напис е да се анализираaт алатките за бизнис моделирање (business modelling canvasses), преку методот на критичка писменост. Нејзина главна цел е да го обзнани постоењето на имплицитни претпоставки и контексти на овие модели и да укаже на важноста на ваквата концептуална и контекстуална анализа на платното како алатка во образовните процеси. Критичката писменост претставува посебен однос кон текстот, а во оваа студија платното на бизнис-моделот е земено како текст. Исто така, методот за едукација за критичката писменост се користи како метод на анализа на материјалот од истражувањето, а и како метод што им се предлага на наставниците и на тренерите да го користат во својата работа како алатка. Самата студија е еден вид на демонстрација на дидактичкиот пристап што им се предлага на наставниците. Студијата доаѓа до заклучок дека, ако наставниците ги научат студентите на вештината на критичко читање на алатките за бизнис-моделирање, тие ќе им всадат на студентите вештина за повторно создавање на светот, за да можат да развијат нови деловни модели што ќе доведат до трансформирање на општествата во коишто живеат.

Клучни зборови:

Критичка писменост, бизнис моделирање, комуникација, критичка педагогија