fbpx

Свеснo и критичкo навигирање низ медиумскиот пејзаж: (Не)пристрасни алгоритми и потреба од нова медиумска писменост во ерата на вештачка интелигенција и дигитални медиуми

Број 3 | декември 2023
Анета Ристеска
Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“
УДК: 004.81:159.953.5]:316.774-028.27

Апстракт

Како што технологијата напредува со забрзано темпо, образованието за медиумска писменост е она што има клучна улога во еманципирањето на луѓето со вештини и знаења што ќе им овозможат да го навигираат сложениот медиумски пејзаж. Овој текст ги разгледува етичките импликации на алгоритмите за вештачка интелигенција, притоа нагласувајќи ја важноста од постоење критичка свест кај корисниците. Системите кои даваат препораки а кои се управувани од вештачка интелигенција имаат значително влијание врз користењето на информациите и го оформуваат ставот што луѓето го имаат кон светот околу себе. Ова бара едукација во однос на медиумската писменост, со цел да се поттикне суштинско разбирање на предрасудите, ограничувањата и потенцијалните ризици поврзани со овие алгоритми. Овој текст исто така укажува на потребата од етичко однесување кога станува збор за управување со алгоритмите за вештачка интелигенција и обезбедување транспарентност, одговорност и правичност во раскажувањето на содржината. Понатаму, текстот дава примери за тоа како функционираат алгоритмите и какви последици можат да имаат тие врз нашиот општествен живот и делување доколку не ги создадеме тие алгоритми според одредени етички вредности или ако ги консумираме нивните пораки без критичко размислување. Ново образование за медиумска писменост треба да ги охрабри луѓето да донесуваат информирани одлуки во однос на својата приватност и да развијат критички став кон практиките за собирање податоци. Концептите како што се информирана согласност, анонимност на податоците и импликациите од насоченото рекламирање се работи што треба бидат опфатени и да се решаваат во образованието за медиумска писменост. Понатаму, текстот потенцира каква одговорност имаат едукаторите за медиумска писменост. Наставниците и институциите мора да се погрижат за тоа програмите за медиумска писменост да промовираат инклузивност, различност и глобална визија. Со инкорпорирање на етичките рамки во наставната програма, едукаторите можат да негуваат одговорно дигитално граѓанство и да поттикнат критичко размислување во врска со општественото влијание на вештачката интелигенција и на дигиталните медиуми. Образованието за медиумска писменост, во контекст на вештачката интелигенција и дигиталните медиуми, мора да се однесува на етичките димензии што им се својствени на овие технологии. Доколку луѓето ги стекнат алатките кои ќе им овозможат критичка анализа на алгоритмите, да навигираат низ работите поврзани со приватноста на податоците и да ги поттикнат на одговорно дигитално граѓанство, образованието за медиумска писменост може да го олесни информираниот и етички ангажман кон вештачката интелигенција и со дигиталните медиуми.

Клучни зборови: Етички аспекти; алгоритми; човекови права; вештачка интелигенција; ново образование за медиумска писменост; дигитални медиуми