fbpx

Улогата на вештачката интелигенција во развојот на образованието

Број 3 | декември 2023
Маја Митевска-Поцева
УДК: 004.81:159.953.5]:37

Апстракт

Развојот на технологијата и нејзиниот напредок го поттикнаа создавањето на Вештачката интелигенција, ВИ (AI – Artificial Intelligence). Тоа е постепен процес, којшто се надградува со времето и со технолошкиот напредок. Континуираното истражување и развојот на нови методи, алгоритми и техники го водат кон постигнување на посакуваните нивоа на интелигенција во машините. Вештачката интелигенција е широка гранка на компјутерската наука која се занимава со градење паметни машини, способни за извршување задачи за кои вообичаено е потребна човечка интелигенција. Таа претставува силно иновативна област на истражување и развој, која вовлекува многу аспекти на нашето општество, вклучувајќи го и образованието. Последниве години, примената на ВИ во образованието има значаен растеж и потенцијал да го промени начинот на којшто учиме и предаваме знаење. Може да го промени начинот на којшто се учи, подобрувајќи и персонализирајќи го образовниот процес. Во овој труд, ќе ја разгледаме улогата на вештачката интелигенција во образованието и некои од нејзините најзначајни аспекти. Учењето со вештачка интелигенција има за цел да го подобри учењето и наставата на учениците. Вештачката интелигенција во образованието се обидува да ја намали бариерата што во моментов се наоѓа помеѓу формалното предавање (на час) и автономното и независно учење на учениците. Целта е да се промовираат заеднички методологии во градењето на знаењето и стимулацијата на автономијата. За ова, системите за лична комуникација (интернет, мобилни уреди и сл.) се користат надвор од традиционалните простори каде што беше развиен процесот на учење. Вештачката интелигенција може да придонесе кон системот за континуирано оценување со следење на перформансите на учениците во реално време и предвидување на појава на можни тешкотии во текот на образованието.

Клучни зборови: Вештачка интелигенција, учење, образование, интелигенција