Интернетот е природна средина за новата генерација. Децата денес не учат како се користи компјутер, туку користат компјутер кога учат. Преку пребарувачот може да се најде одговор на секое прашање што некој би можел да го има. Со други зборови, интернетот навлезе во сите области на човековиот живот. Во иднина, технологијата ќе игра уште поголема улога во животот на луѓето. Сепак, училиштето останува главна институција во насока на образовниот систем на младите. Денес, односите со јавноста и социјалните медиуми се составен дел од образовниот процес, токму во делот на достапноста на информациите до јавноста. Тие претставуваат суштински и цврсто интегриран однос во јавните политики во секое поле од интерес. Нивната употреба во денешниот свет, во ера на брза комуникација, стана дел од нашето секојдневие, бидејќи тие го сумираат јавното мислење. Училиштата успеаја максимално да го искористат овој бесплатен интернет-простор и да ги користат техниките за односи со јавноста и за управување со социјалните медиуми преку поставување фотографии, содржини, коментари, видеа итн., т.е. споделување информативни соопштенија за јавноста, што придонесе за креирање, воспоставување и проектирање слика на образовната институција. Така, училиштата успеаја да ги приближат своите активности и информации до јавноста и да ја сменат долгогодишната навика за непочитување на информациите од јавен карактер.
Клучни зборови:
Односи со јавноста, социјални медиуми, комуникации