Општата јавност има вистински интерес за постоење квалитет во новинарското известување. Сепак, новинарството мошне често не ги исполнува овие очекувања. Саморегулацијата на медиумите има важна улога во следењето на професионалното работење на медиумите, истовремено и како реакција на прекршувањето на професионалните стандарди, преку заштита на слободата на изразување и слободата на печатот, и oвa уште повеќе важи во дигиталната ера. Масовен е протокот на новинарски содржини што се произведуваат и се споделуваат на дигитален начин, вклучително и со користење на социјалните мрежи, што го отвора прашањето за одговорност и објективност на информациите во оваа нова ера. Целта на овој труд е да го објасни потенцијалното влијание кое го има саморегулацијата на медиумите во дигиталната ера, особено во контекст на честата употреба на социјалните мрежи од страна на медиумите за да допрат до различна публика. Едно од потенцијалните влијанија од решавањето на информацискиот „неред“ е создавањето вештини кај публиката за критичка анализа и за пристап кон информациите. Затоа, целта на овој труд е да ги проучува практичната имплементација на медиумската саморегулација во дигиталната ера и методите на користење на медиумската писменост во критичкото разбирање на информациите што се добиваат преку интернет.