fbpx

Универзитетско образование за медиумска писменост: Студија на случај – Универзитет на Југоисточна Европа (УЈИЕ)

Број 1 | јуни 2022
Демуш Бајрами, Албулена Халили, Едлира Палоши Диша, Шемседин Ибрахими
Универзитет на Југоисточна Европа

Апстракт

Образованието за медиумска писменост е клучно за граѓаните да станат отпорни на лажни вести и дезинформации, особено во земјите ранливи на странско влијание, како што е Северна Македонија. Влијанието на дезинформациите во нашата земја е поголемо во споредба со она во развиените демократски земји. Со оглед на длабоко поделеното општество, слабиот образовен систем, ниската доверба на граѓаните во институциите и во медиумите, како и просечното или ниско ниво на истражувачко новинарство, крајно време е медиумската писменост да се институционализира во Северна Македонија, особено на универзитетско ниво. Оваа студија тврди дека воведувањето програми и/или предмети за медиумска писменост на универзитетско ниво е неопходно. Поради sui generis карактерот и уникатното искуство на Универзитетот на Југоисточна Европа во високото образование во Северна Македонија, како и поради неговата репутација како западен модел на високо образование, очигледно е погоден да биде лидер во институционализацијата на образованието за медиумска писменост. Целта на универзитетот е и да ја оправда потребата од вклучување предмети за медиумска писменост на секој факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, истовремено креирајќи нови наставни планови и/или студиски програми на Катедрата за комуникациски науки и на Факултетот за современи општествени науки. Покрај тоа, неодамна формираниот Кластер за истражување на медиумската писменост и дезинформациите, како дел од Истражувачкиот институт Макс ван дер Штул, ќе ја надополни предложената реформа на наставните програми на овие факултети. Резултатите од теоретското истражување и оние од емпириското истражување, преку онлајн анкетата со студенти на додипломски и магистерски студенти, потврдуваат дека образованието за медиумска писменост е неизбежна потреба во дигиталната ера, што ги едуцира студентите да имаат критички пристап кон информациите на интернет, притоа придонесувајќи за создавање отпорно, односно издржливо општеството како крајна цел.

Клучни зборови:

Образование за медиумска писменост, Универзитет на Југоисточна Европа