fbpx

Музичката дејност во Словенија и во Босна и Херцеговина во периодот на карантин поради епидемијата со ковид-19

Број 4 | јуни 2024
Андреј Распор, Петра Клајндајнст, Зоран Мастило, Андријана Мркаиќ-Атељеви, Бојан Ројко, Предраг Љуботина
УДК: 78-051:331.2]:{616.98:578(497.4)
78-051:331.2]:{616.98:578(497.6)

Апстракт

Пандемијата со ковид-19 имаше катастрофално влијание врз дејноста на изведување музика во живо и речиси во целост ја замре дејноста на изведби и забави во живо – нешто што траеше повеќе од две години. Цел: Секторот на музика во живо сè уште закрепнува од последиците на ковид-19. И покрај тоа што најголемиот дел од ограничувањата беа укинати на почетокот на 2023 година, оваа дејност и понатаму се соочува со неколку предизвици како што се зголемени трошоци и заситениот пазар по долгиот период на неактивност. Исто така има и недостаток од работна сила, а некои од консументите сè уште се двоумат дали да се вратат на настаните кои се организираат во живо. Методи: Со цел да одговориме на истражувачкото прашање „На кој начин претставниците на музичката дејност остваруваа приходи за време на ковид-19“, спроведовме две анкети: 1) Канцелариска анкета преку која ги анализиравме мерките кои беа преземени од државата; и 2) Онлајн анкета каде што обезбедивме податоци директно од претставници на музичката дејност. Резултати: Во Словенија се презедоа мерки за ублажување на намалувањето на приходите. Во Босна и Херцеговина тие беа препуштени сами на себе. Заклучоци: Музичките настани се суштински дел од локалната економија. Привлекуваат туристи, отвораат работни места и генерираат приход за локалните бизниси. Настаните со музика во живо, исто така, се платформа за музичарите преку која тие можат да го покажат својот талент и да стекнат свои обожаватели.

Клучни зборови: Словенија; Босна и Херцеговина; ковид-19; ограничување на музичката дејност