fbpx

Влијанието на медиумската писменост врз социјалната интеграција кај деца со попреченост

Број 4 | јуни 2024
Марија Давчевска
УДК: 316.774:[37:003-028.31-056.26-053.2

Апстракт

Медиумската писменост игра голема улога во процесот на социјалната интеграција кај децата со попреченост, овозможувајќи им да се вклучат во заедницата според своите потреби, интереси и можности. Во многу случаи, овие деца можат да се чувствуваат изолирани или исклучени од општеството поради нивните попречености. Медиумската писменост може да им обезбеди пристап до информации, комуникација со другите и можност за учество во различни активности и искуства. Целта на ова истражување е да се добие подетално разбирање за влијанието на медиумската писменост врз социјалната интеграција кај децата со попреченост и да се идентификуваат можности за подобрување на нивниот пристап до медиумската писменост и социјалната интеграција. Истражувањето се базира на користење на анкетен лист како метода за собирање податоци за 15 родители на деца со попреченост и 15 наставници. Методологија: Анкетата содржи прашања кои ја истражуваат честотата на користење на медиумите, влијанието на медиумската писменост врз социјалната интеграција, учеството во активности преку медиумската писменост, предизвиците и ресурсите за користење на медиумската писменост, како и препораки за подобрување на пристапот до медиумската писменост за децата со попреченост. Резултати и заклучоци: Резултатите покажаа дека примената на медиумската писменост може значително да ја подобри социјалната интеграција на децата со попреченост, преку обезбедување пристап до информации, комуникација со околината и можност за учество во различни активности. Врз база на добиените резултати, се предлагаат препораки за развој на програми и интервенции за поддршка на овие деца во општеството.

Клучни зборови: медиумска писменост, деца со попреченост, социјална интеграција