Истражување на перцепциите кај студентите во однос на дигиталното граѓанство: Студија на случај на Универзитетот на Југоисточна Европа
Број 5 | декември 2024
Хава Мустафа
докторанд, Факултет за јазици, култури и комуникации, Универзитет на Југоисточна ЕвропаАпстракт
Овој труд ја разгледува состојбата со дигитално граѓанство во високото образование и прави преглед на литературата и пристапите во образованието, како и на педагошките стратегии и предизвиците во однос на подобрувањето. Спроведена е анкета која опфати вкупно 60 испитаници и која ги истражуваше перцепциите и искуствата во однос на дигиталното граѓанство кај студенти на додипломско ниво на студии. Во ова истражување, ги разгледуваме клучните аспекти на образованието за дигитално граѓанство, педагошките методи, разните стратегии и нивната ефективност, демографските фактори, ограничувањата кои постојат кај сегашните истражувања, улогата на технологијата и предизвиците со кои се соочуваат едукаторите, како и промените и развојот на наставната програма. Преку промовирање на активностите за едукација во врска со дигитално граѓанство, се очекува дека институциите и едукаторите ќе дадат свој придонес преку соработка со приватниот сектор, а тука е исто така и студентскиот ангажман и активизам. Студијата покажа дека забрзаниот технолошки напредок се смета за ограничување кога станува збор за едукација за дигитално граѓанство. Констатациите посочуваат на тоа дека испитаниците силно го поддржуваат постоењето сеопфатни пристапи во подучувањето во врска со дигиталното граѓанство, поточно, тие најчесто поддржуваат примена на повеќеслојни тактики кои опфаќаат повеќе предметни области. Во таа смисла, постои широко прифатен став за влијанието на демографските фактори како што се полот, возраста и социоекономскиот статус врз перцепцијата на студентите во однос на едукацијата за дигитално граѓанство. Резултатите го истакнуваат потенцијалот за унапредување на дигиталните вештини, на учењето и на развојот на дигиталните платформи во студиските програми за високо образование, потребата од разновидни наставни методи, интегрирана наставна програма и подобрување на соработката помеѓу едукативните инструкции и приватниот сектор. Ова истражување го надополнува постоечкото општо знаење за едукација за дигитално граѓанство, така што на високообразовните институции, на студентите, на едукаторите и на креаторите на политики им дава увид во потребата од развивање инклузивни програми за дигитално граѓанство во високото образование.
Клучни зборови: Дигитално граѓанство, високо образование, методолошки пристапи, наставна програма, технологија во образованието.