Медиумска писменост во балетската уметност
Број 6 | октомври 2025
Ирена Христовска, д-р Марина Димитриева – Ѓоргиевска
Апстракт
Потребата за одржување рамнотежа во секојдневниот живот на поединецот меѓу медиумската писменост и нејзиниот клучен елемент – критичкото размислување, како и правилниот избор и насочување кон квалитетно користење на времето, според нас, треба да се пронајде и во уметноста. Ова истражување ја разгледува специфичната улога на балетската уметност во развивањето на медиумската писменост и критичкото размислување кај публиката. Централната хипотеза е дека балетот, како мултимедиумска форма на изразување што ги обединува движењето, музиката и визуелната уметност, може значително да придонесе за унапредување на овие способности кај гледачите. Методолошки, истражувањето користи комбиниран пристап со примена на квалитативни и квантитативни техники за прибирање податоци. Спроведените анкети и интервјуа со постители на балетските изведби ќе обезбедат увид во нивното искуство и перцепција на балетот како уметност. Истовремено, ќе се примени анализа на содржини за да се утврдат специфичните аспекти на балетските претстави кои најмногу придонесуваат за развојот на медиумската писменост. Очекуваните резултати укажуваат дека балетот може да послужи како моќна образовна алатка за развивање на критичкото размислување, нудејќи нови перспективи за улогата на уметноста во современото општество. Податоците и сознанијата добиени од ова истражување ќе послужат како основа за развивање на едукативни програми кои го интегрираат балетот во наставата по медиумска писменост и обратно – медиумската писменост во наставните програми по балет во основно и средно образование.
Клучни зборови: медиумска писменост, критичко размислување, балетска уметност, едукативна иновација.
