Новиот Хомо Сапиенс и медиумската писменост во дигиталната ера

Број 6 | октомври 2025
Демуш Бајрами
Вонреден професор и декан на Факултетот за јазици, култура и комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа, Северна Македонија

Апстракт

Во услови на се поголемо вклучување на дигиталните технологии во секојдневниот живот, оваа статија ја разгледува појавата на „Новиот Хомо Сапиенс“ – индивидуа обликувана преку постојан допир со медиуми и променети начини на комуникација. Дополнително во оваа статија , се разгледува како овие промени влијаат врз личниот идентитет, начинот на размислување и општественото однесување, со посебен акцент на тоа колку е важна медиумската писменост за полесно прилагодување во современиот дигитален свет. Истражувањето се заснова на концептуален пристап и вклучува интердисциплинарни перспективи, особено од областа на медиумската екологија и дигиталната писменост. Концептуалната анализа на постојните научни сознанија, поткрепена со конкретни примери од образовната практика на земјите од Западен Балкан  (Северна Македонија, Косово и Албанија), покажува дека лесниот пристап до информации и современите форми на комуникација истовремено носат придобивки и предизвици во образовниот процес. Затоа, образовните модели во регионот треба да ја интегрираат медиумската писменост како клучен елемент за развој на критичко мислење, етичка медиумска интеракција и градење дигитална граѓанска свест кај новоформираниот, дигитално обликуван Хомо Сапиенс.

Клучни зборови: медиумска интеракција, идентитет, социјално однесување, образовни модели, критичко мислење, дигитална граѓанска свест.