Информациската „диета“ во Јужен Кавказ: Истражувачка студија за консумирањето информации и отпорноста на дезинформации
Број 2 | март 2023
Ана Кешелашвили; Маја Микашавиџе
Грузиски институт за јавни работи (GIPA)УДК: 159.955.5:[37:316.774
Апстракт
Брзото распространување на дезинформациите на интернет и нивното дистрибуирање преку платформите на социјалните медиуми им штети на демократските институции и процеси. Изобилството информации што доаѓаат од секакви извори и канали поттикнува неизвесност во општествата, особено кај помладата генерација, чијашто информациска исхрана може да биде ограничена на повремени објави на вести предложени од алгоритмите на Фејсбук, на Инстаграм или од други платформи на социјалните медиуми. Непознавањето на општествено-економските и политичките работи ги прави луѓето поподложни на влијанието на дезинформациите и, во крајна линија, тоа е штетно за развојот на земјите и на демократиите, особено во помалите, помладите, па дури и хибридните демократии како во случајот со Јужен Кавказ. Отпорноста на дезинформации е сложен концепт што може да се мери како на макро, така и на микрониво. Меѓутоа, за целите на ова истражување, ќе се фокусираме врз поединците, особено врз младите полнолетни лица, и ќе ја истражиме нивната информациска исхрана во трите земји од Јужниот Кавказ – Грузија, Ерменија и Азербејџан, за да разбереме како се користат социјалните медиуми, како се консумираат вестите за јавни прашања, но и каква е довербата во традиционалните медиуми и кои се начините за правење разлика помеѓу лажните и веродостојните вести. Истражувањето се служи со триангулација на квантитативни и квалитативни секундарни и примарни податоци од трите земји. Наодите помагаат подобро да ги разбереме навиките на младата публика и можат да помогнат во изнаоѓање подобри начини да се зајакне нивната отпорност на дезинформации.
Клучни зборови: Кавказ, медиумска консумација, употреба на социјалните медиуми, дезинформации, отпорност