Емпатија во дигиталниот свет: развивање на емоционални и социјални вештини преку медиумска едукација

Број 7 | декември 2025
Соња Трифуновска
Наставник-ментор

Апстракт

Во денешното современо општество, медиумите и технологијата се основно средство преку кои младите го доживуваат и интерпретираат светот. По­демот на социјалните мрежи, онлајн игрите, комуникациските апликации и нивното постојано користење ја наметнаа потребата од зајакнување на емоцио­налните и социјалните вештини за безбедно и одговорно користење на интернет просторот. Во овие рамки, емпатијата во дигиталниот свет се појавува како клуч­на компетенција која треба да се развива кај младите уште од најрана возраст за да се задржи хуманата димензија во комуникацијата пред екранот. Овој труд ја истражува улогата на медиумската едукација во поттикнување на емпатијата во дигиталниот свет, односно способноста за разбирање на чувствата на другиот во онлајн комуникацијата. Истражувањето се спроведе преку анкетен прашал­ник на ученици од 10 до 15-годишна возраст, со цел да се утврди степенот на нивната емпатија во дигиталниот свет и влијанието на медиумската писменост врз однесувањето при онлајн комуникација. Резултатите укажуваат дека медиум­ската едукација има значајна улога врз развојот на емоционалните и социјалните вештини кај младите, посебно врз развивањето на емпатија, почит, толеранција и способноста за препознавање на последиците од своите онлајн постапки. Тру­дот исто така предлага и конкретни педагошки пристапи и активности кои можат да се применат во наставниот процес за развивање на емпатија при комуника­цијата преку интернет мрежа. Заклучокот нагласува дека медиумската писме­ност е суштински дел од воспитно-образовниот процес кој придонесува младите личности не само да ги применуваат своите дигитални вештини и да ги користат медиумите, туку и да бидат свесни, чувствителни и одговорни граѓани на дигитал­ното општество, а тоа е предуслов за создавање на здрави меѓучовечки односи и безбедна онлајн заедница.

Клучни зборови: емпатија, емоционални вештини, социјални вештини, медиум­ска писменост, онлајн комуникација