Број 7 | декември 2025
24.12.25
DOI: 10.64370/PDIH4142
ISSN: 2955-1927
„Каирос“ претставува меѓународно научно списание со отворен пристап, замислено како простор за размена на знаења, ставови и идеи меѓу наставници, универзитетски кадар, истражувачи, студенти и други професионалци од областа на медиумите и комуникациите. Списанието е наменето за академската и стручната јавност заинтересирана за дискусија на иновативни пристапи и практики, а во неговата содржина се вклучени и релевантни студии на случај.
Фокусот на „Каирос“ е насочен кон современите прашања, како и кон идните трендови и развојни процеси во медиумските и информациските студии и медиумското образование, при што се разгледуваат нивните социолошки, психолошки, политички, јазични и технолошки димензии.
Покрај наведените области, списанието ги охрабрува и прилозите што отвораат нови перспективи и нудат решенија релевантни за медиумите, комуникациите, образованието, стратешкиот менаџмент и бизнисот, кои можат да бидат разгледани за објавување во некои од наредните изданија.
Сите трудови подлежат на постапка на „двојно слепо“ рецензирање, во која учествуваат меѓународни експерти од академската и истражувачката заедница. Преку анонимните рецензии, авторите добиваат можност да ги унапредат своите трудови, во согласност со највисоките академски и истражувачки стандарди.
