Улогата на социјалните медиуми во унапредувањето на академската писменост и критичкото размислување кај студентите

Број 7 | декември 2025
Хава Мустафа
Докторанд по медиуми и комуникации

Апстракт

Во современото дигитално опкружување, социјалните медиуми станаа неиз­бежен дел од секојдневието на студентите, обликувајќи го нивниот когнити­вен, афективен и практичен ангажман во процесот на учење. Оваа студија ја согледува улогата и влијанието на употребата на социјалните медиуми врз раз­војот на академската писменост и критичкото размислување кај универзитетски­те студенти. Прекумерната и нерегулираната употреба на дигитални платформи често се поврзува со опаѓање на традиционалните навики на читање и пишување, што негативно се одразува на академските постигнувања. Сепак, кога се користат со јасна цел и критички пристап, социјалните медиуми можат да се претворат во значајна едукативна алатка која поттикнува промислено учење и ангажираност. Студијата опфаќа систематски преглед на релевантната литература и постојните студии, надполнето со квалитативни податоци собрани преку полуструктурирани прашалници администрирани на универзитетски студенти. Резултатите покажу­ваат дека иако голем дел од студентите имаат значително познавање на социјал­ните медиуми и ги препознаваат нивните придобивки за развој на критичко раз­мислување, сепак се забележливи разлики во однос на дигиталната етика и спо­собноста за процена на веродостојни извори. Студијата ја нагласува потребата од интегрирање на дигиталната писменост, етичката информираност и критичката евалуација на информации во наставните програми за високо образование. Пре­ку поттикнување одговорно и информирано користење на социјалните медиуми, едукаторите можат значително да ја подобрат академската писменост и критич­ките вештини на студентите, подготвувајќи ги за активно, одговорно и рефлексив­но учество во дигиталниот академски простор.

Клучни зборови: социјални медиуми, академска писменост, критичко размислу­вање, студенти.