Од игра до алгоритам: интеграција на игровизација и ВИ за поттикнување на критичко размислување кај учениците

Број 7 | декември 2025
Маја Митевска-Поцева
Одделенски наставник и наставник-ментор

Апстракт

Овој труд ја истражува улогата на игровизацијата како иновативна педагош­ка стратегија и нејзината интеграција со алатки со ВИ за поттикнување на критичко размислување кај учениците од основното образование. Преку анализа на современи теоретски модели и добри практики, се разгледува потен­цијалот на игровизирани активности поддржани од интелигентни системи да ја зголемат мотивацијата, ангажираноста и когнитивните способности на ученици­те, истовремено развивајќи нивна критичка свест за медиумите и дигиталната реалност. Критичкото размислување, како суштинска компетенција на 21-от век, овозможува учениците логички да анализираат, проценуваат и донесуваат одлу­ки засновани на докази. Тоа претставува процес кој ги надминува ограничувања­та на пристрасност, импулсивно резонирање и еднострани гледишта, засновајќи се на вредности како јасност, точност, конзистентност, релевантност и правич­ност. Во овој контекст, вештачката интелигенција не е само технолошка алатка, туку и когнитивен предизвик, кој бара развој на критички способности за анализа, интерпретација и проценка на алгоритамски генерирани содржини. Учењето со и преку ВИ поттикнува свесност за тоа како алгоритмите селектираат и претставу­ваат информации, што им овозможува на учениците да ги препознаваат потен­цијалните манипулации, пристрасности и ограничувања на дигиталните системи. Трудот предлага интегративен модел на учење, кој ги поврзува елементите на игра, технологија и когнитивна автономија, создавајќи средина што поттикнува развој, иновација и слобода на мисла.

Клучни зборови: игровизација, вештачка интелигенција, критичко размислу­вање, медиумска писменост