Од дигитално граѓанство кон побезбедна иднина: градење дигитални права и писменост во основното образование

Број 7 | декември 2025
М-р Виолета Стевановска, Гордана Анастасова, Добри Јовевски
наставници

Апстракт

Во современото општество, дигиталната писменост претставува клучен пре­дуслов за безбедна и одговорна употреба на технологијата. Во Република Северна Македонија учениците од основното образование се почесто се со­очуваат со ризици кои произлегуваат од неконтролираниот проток на дигитални информации. Според најновите истражувања, само 30% од младите луѓе имаат основно разбирање за своите дигитални права и одговорности, што ги прави под­ложни на злоупотреба на лични податоци, дезинформации и сајбер – насилство. Истражувањата укажуваат дека 40% од учениците во основните училишта во Се­верна Македонија се соочуваат со некаква форма на сајбер – насилство, а 60% од нив не знаат како да реагираат во такви ситуации. Овие показатели ја нагла­суваат итната потреба од унапредување на дигиталната писменост и свесноста за заштита на личните податоци. Во последните години се забележани случаи на дезинформации кои влијаат врз младите, како на пример лажни вести поврзани со здравствени проблеми или општествени настани. Таквите дезинформации не само што создаваат конфузија, туку предизвикуваат страв и паника. Исто така, голем број на ученици пријавуаат случаи на онлајн малтретирање, што дополни­телно го нарушува нивното психолошко здравје. За да се подигне нивото на свес­ност и писменост кај учениците, најпрвин мора да се утврди степенот на знаење и вештини кои ги поседуваат наставниците и начинот на нивната примена во на­ставниот процес. Токму затоа авторите го посветуваат овој труд на истражување на дигиталните права и слободи и нивната имплементација во основното образо­вание, уште во најраните години од школувањето. Трудот има за цел да ги иденти­фикува потребите и недостатоците што ги имаат наставниците, како и начините за имплементација и обука на учениците за дигитално граѓанство како составен дел од медиумската писменост.

Клучни зборови: медиумска писменост, дигитални права и слободи, дигитално граѓанство, наставен процес, образование