Разлика во корпоративната комуникација помеѓу информатичкo-технолошките организации и информатичко-технолошки оддел
Број 7 | декември 2025
М-р. Ана Трпчевска
магистер по корпоративна комуникацијаАпстракт
Комуникацијата е централниот феномен во организациите и е особено важна за менаџментот. Нормално, како активност, таа окупира голем дел од времето на менаџерите, па затоа подобрување на комуникациските вештини, директно или индиректно придонесува за подобрување на организациските перформанси. Организациската комуникација, претставува сложен и континуиран процес преку кој организациските членови ја креираат, одржуваат и менуваат организацијата. Информатичката технологија (ИТ) е примена на компјутери и телекомуникациска опрема за складирање, преземање, пренос и манипулирање со податоци, често во контекст на бизнис или друго претпријатие. Како што употребата на електронска комуникација стана се почеста за бизниси од сите големини, така се зголемува потребата за создавање на оддели за ИТ во секоја компанија, која најчесто употребува телефонија и интернет уреди за водење бизнис. Oдделот за ИТ е збир на лица кои се експерти кога станува збор за електронски комуникации од секаков вид. Во голема организација, ИТ одделот може да биде задолжен дури и за стратешко планирање, се со цел да се осигура дека воспоставените ИТ иницијативи ги поддржуваат деловните, односно бизнис целите на самата организација. За разлика од ИТ секторот, кој е составен дел на една корпоративна компанија, ИТ компанија претставува индивидуален правен субјект, кој не е дел од некоја компанија, туку делува самостојно и има различна организациска структура. Главна разлика забележуваме во управувањето, членовите во самата компанија, односно сектор, а со тоа и во комуникацијата на ИТ секторот и ИТ компанијата.
Клучни зборови: корпоративна комуникација, организациска комуникација, информатичко-технолошки организации, ИТ менаџмент, комуникациски процеси
