fbpx
 

Никој во Македонија не знае точно колку е загаден воздухот

Кирил Пржо

kiril arsovskiИнформациите за загадувањето на воздухот во Македонија, нас, граѓаните, не доведуваат во состојба како кога имаш камче во чевелот што ти пречи, но не знаеш колкаво е, од каде е, колку време ти е во чевелот и како ќе влијае врз твоето здравје. Никој во Македонија не знае точно колку е загаден воздухот бидејќи податоците кои се достапни во државава се непрецизни и не може да ги сметаме како вистинити.

Повеќе
  5870 Кликови
  0 Коментари

Загадување на воздухот: требаат енергични мерки за да не дишеме на „жабри“

м-р Анета Шијакова

aneta sijakovaПовеќето општини во Македонија изготвија локални еколошки акциски планови, но константната загаденост на воздухот укажува дека недостигаат стратегиски и долгорочни решенија. Непреземањето на енергични мерки за ваков сериозен проблем не смее да се толерира, особено што во државата има експерти со релевантни предлози од оваа област. Истовремено, Македонија не е првата држава во светот која се соочува со загадување на воздухот и треба да ги искористи добрите практики од други земји за да се справи со овој проблем.

Повеќе
  7249 Кликови
  0 Коментари

Со опозицијата, Собранието само си го смени господарот

goce trpkovskiГоце Трпковски

Ако сакаме да имаме парламентарна демократија со функционално Собрание, не смееме да го игнорираме се` поголемото институционализирање на лидерската средба како врвен политички авторитет во државата. Сега пратениците понизно и послушно, беспоговорно, ги исполнуваат задачите што им ги доделува она што веќе личи на племенски совет.

Повеќе
  2964 Кликови
  0 Коментари

Транспарентни преговори се услов за демократски промени

Лепосава Огњаноска

leposava ognjanoskaНадежите за демократска иднина на Македонија во моментов се сконцентрирани во политичкиот процес за спроведување на Договорот од Пржино. За Договорот да го оствари својот потенцијал неопходна е транспарентност во процесот. Доколку граѓаните не се информирани за текот на преговорите и начинот на носење одлуки, изостанува секаква можност за нивно влијание. А недемократски процес не може да доведе до (повторно) воспоставување на демократијата. Потребата за транспарентност е дотолку поголема со оглед на фактот дека токму вонинституционалното одлучување создаде „заробена држава“.

Повеќе
  2874 Кликови
  0 Коментари

Буџетска транспаретност – сон или јаве?

Константин Битраков

kostantin bitrakovНастаните од 24 декември 2012 година, ја сместија Македонија меѓу последните 30 земји во светот во поглед на буџетската транспарентност. За тоа е виновна актуелната власт, која сака да си донесе буџет по своја мера, но виновни сме и ние граѓаните, кои сме должни да инсистираме на поголема буџетска транспарентност и отчетност. Во прашање се наши пари, па сосема е логично за нивното трошење да се грижиме како што се грижиме за семејните приходи и трошоци.

Повеќе
  3923 Кликови
  0 Коментари

Промена на изборниот модел - шанса за малите партии

Ивана Туфегџиќ

ivana tufegdzicПоради неможноста да се постигне политичка согласност за една изборна единица без изборен праг, шансата на малите партии е во промена на методот на пресметка на пратеничките места според освоените гласови. Сент Лагеовиот систем, за разлика од Донтовиот метод кој се применува кај нас, ги фаворизира малите партии и ги мотивира граѓаните помасовно да учествуваат во изборниот процес.

Повеќе
  6207 Кликови
  0 Коментари

Само со автономен универзитет до демократија

Константин Битраков и Ивана Туфегџиќ

kostantin bitrakovivana tufegdzicЗошто е потребна автономија на универзитетот? Младите академци, студентите и нивните професори во секоја модерна демократија се сметаат за водечка интелектуална сила во општеството, од која зависи и неговата демократизација.

Повеќе
  3801 Кликови
  0 Коментари

Пасивна регистрација за пасивниот граѓанин

Ана Нешовска

ana nesovksaПасивната регистрација овозможува лесен и едноставен начин на гласање на секој граѓанин, го избегнува административниот процес низ кој граѓанинот теоретски ќе треба да помине, и со тоа го привлекува да гласа. Се разбира, таа подразбира чисти и неманипулирани бази на податоци во државните органи, објективни и непристрасни административци и минимум можност за манипулација со избирачките списоци.

Повеќе
  5042 Кликови
  0 Коментари

Тајните за прислушкувањето

м-р Предраг Тасевски

predrag tasevskiOд почетокот на годината, поточно од 9 февруари до денес, граѓаните се опседнати со аудио-снимките од прислушкуваните телефонски разговори и транскриптите од таканаречените „бомби“ кои ги објави опозицијата на своите прес-конференции. Станува збор за вкупно 36 „бомби“ кои се достапни на веб страницата на ПРИЗМА - Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор. Скандалот предизвика политичка криза, чија разрешница по Договорот од Пржино и формирањето на специјалното обвинителство треба да ги открие и вистинските виновници за неовластеното прислушкување.

Повеќе
  6782 Кликови
  0 Коментари

Кои се алтернативите на децата од улица?

м-р Анета Шијакова, новинар

aneta sijakovaСпоред податоците на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ 18.500 деца во Македонија се исклучени од основно образование, a 30 отсто од нив се без родители и родителска грижа. Под притисок на ваквите фактори дел од нив стануваат деца на улица. Македонија тешко се справува со сиромаштијата и социјалната исклученост на овие наши сограѓани.

Повеќе
  4523 Кликови
  0 Коментари

Како да се врати јавниот интерес во јавниот сервис - МТВ?

м-р Зоран Димитровски, уредник во „Фокус"

zoran dimitrovskiМора да се шегуваат! Ваква ми беше првата реакција кога од Македонската радио-телевизија неодамна објавија дека ќе донесат Етички кодекс, а Здружението на новинарите на Македонија побара да почекаат со неговото усвојување и да го остават во нацрт-фаза, пред за него да се изјасни и своите забелешки да ги достави новинарската фела.

Повеќе
  2959 Кликови
  0 Коментари

Универзитетската автономија – етичко или законско право

проф. д-р Весна Шопар, Институт за комуникациски студии

vesna soparЗаконот за високо образование до сега има претрпено бројни реформи. Последните предизвикаа најсилна реакција на академската и пошироката јавност со сериозни предупредувања за атак врз автономијата на високо-образовните институции во Македонија. Нормативно, Уставот на РМ гарантира универзитеска автономија (член 46), а постоечкиот Закон за високо образование (член 11) дефинира дека академската автономија ја гаранитира интелектуалната слобода на членовите на академската заедница и творечката природа на истражувачкиот и образовниот процес, како врвни вредности и способности. Проблемот се појавува ако на универзитетската автономија се пристапи етички.

Повеќе
  3885 Кликови
  1 Коментар

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè