fbpx
 

Балканската миграциска рута и Македонија како коридор или решение

Влатко Митковски

V Mitkovski bvПоминаа 10 месеци откако земјите членки на Европската Унија донесоа одлука за затвoрање на протокот на мигранти преку таканаречената Балканска миграциска рута, а бранот обиди за илегално преминување на границите долж рутата никако да стивне. На нов бран мигранти предупредува и Фронтекс, за што од овој месец најави испраќање граничари во Евзони со цел да превенира пасивен однос на грчките власти при можен втор миграциски бран кој би го насочиле кон границата со Македонија.

Повеќе
  3649 Кликови
  0 Коментари

Уште колку животи му остануваат на балканскиот рис?

Кирил Пржо

Przo200x250Територијата и популацијата на балканскиот рис во Македонија се намалуваат, иако тој е под целосна законска заштита, а единствената област за негова репродукција е Маврово. Најголемата опасност за рисот е уништувањето на неговите живеалишта со дозволување да се лози и да градат ски-центри и хидро-енергетски инсталации во националните паркови. Во Македонија постои национален акционен план за заштита на балканскиот рис, но тој не е усвоен од ресорните министерства. Единствено неколку граѓански организации ја спроведуваат програмата за негова заштита.

Повеќе
  5846 Кликови
  0 Коментари

Приватните трговски марки освојуваат сẻ поголем пазарен удел на сметка на брендовите

Ѓорѓи Митревски

avtor ssblogПриватните трговски марки во сопственост на продажните  ланци на стока за широка потрошувачка смело навлегуваат во територијата на глобалните брендови. Преку диференцијација на асортиманот во согласност со трендовите и специфичните потреби на потрошувачот, приватните трговски марки освојуваат се поголем пазарен удел на сметка на брендовите.

Повеќе
  3211 Кликови
  0 Коментари

Политичарите им ја украдоа улогата на сатиричарите

Политичарите со своето поведение им ја украдоа улогата на сатиричарите. Не може да се направи хумор од хумореската која се одвива во живо. Изминатите години беа тежок период за политичката сатира, бидејќи традиционалните медиуми се затворени и уплашени, некои емисии исчезнаа, а тоа ги избрка сатиричарите на интернет. ResPublica видео поткаст со Сашо Кокаланов од порталот КозаНостра.нет и Бранко Огњановски, фронтменот на Фчерашни новости.

Повеќе
  191 Кликови
  0 Коментари

Како да се надминат разликите во платите на мажите и жените

Иван В`чков

Ivan Vckov 200x250Родовиот јаз во платите во Македонија, според податоците од 2014 година, е присутен во сите занимања, а најмногу во занаетчиските (32 отсто) и општите занимања (26 отсто). Највисокиот родов јаз во платите е во образовниот сектор (33 отсто). Во секторот недвижности и во другите услужни дејности, жените имаат предност пред мажите и заработуваат 14 отсто повеќе од своите машки колеги.

Повеќе
  3128 Кликови
  0 Коментари

Се навестува ли крајот на етничките партии?

м-р. Џелал Незири

Xhelal blogДали може да се очекува во иднина да се надминат етничките прашања и да се премине на помасовно гласање за надетничките платформи и партии? Дали конкурирањето на македонските партии во албанскиот кампус ќе придонесе и за промена на стратегиите на албанските партии? Изборните резултати во Арачиново, Дебар, Студеничани и останатите општини во кои доминираат етнички Албанци отворија дополнителни предизвици за политичките партии за коалиционирање или соединување околу идеолошките концепти, оставајќи ги настрана етничките поделби.

Повеќе
  4450 Кликови
  0 Коментари

Зошто праќањето на Ќосето и крстот за Заев мораат да бидат санкционирани

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiЗаканата со Ќосето, упатена од Никола Груевски кон Зоран Заев, како и носењето на крст со заковано име и презиме на лидерот на опозицијата се инциденти кои не смеат да се изостават за на јавноста да не ѝ се објасни дека говорот на омраза не претставува само експлицитно изречена омраза, туку дека тој може да биде и во прикриена форма, со употреба на метафори и симболизми. Независно од начинот на кој тој јавно се манифестира, неговата законска санкција мора да биде облигаторна.

 

Повеќе
  6951 Кликови
  0 Коментари

Oд транспарентност и отчетност до контрола на суптилната корупција – од овде до вечноста

д-р Марјан Николов

bloger marjan bbПодолго време се пропагира од партиите на власт дека е важно „народот“ да имал работа и дека она за што се залага граѓанството како што се фискалната транспарентност и отчетност и фискалната дисциплина се само непотребни категории кои ништо не значеле за „народот“, кога народот го води власт која „секогаш мисли за него“ и му обезбедува „зголемување на пензии“ и „отворање работни места“ и му обезбедува „бесплатни“ подароци. 

Повеќе
  6890 Кликови
  0 Коментари

Гласањето како чествување на празникот на демократијата – изборите

Иван Дургутов

Ivan Durgutov 200x250Во правниот систем на Република Македонија излегувањето и гласањето на изборите е оставено на свеста и совеста на избирачите и не постои законска должност за т.н. задолжително гласање. Иако не се предвидува санкција за неизлегување на избори, гласањето претставува наша морална обврска и треба да ја испочитуваме. Исклучиво од нас зависи колку ќе ја одржиме и поддржиме демократијата, меѓу другото, и преку масовна излезност во изборните циклуси.

Повеќе
  4462 Кликови
  0 Коментари

11 декември и неопределените – лекции од Брегзит и Трамп

Кристијан Фидановски

ааПроблемот со пристапот на повеќето опозициски настроени интелектуалци во Македонија не е толку пристрасноста кон СДСМ, колку правењето мечкина услуга на отпорот против актуелната власт. Игнорирајќи ги неопределените гласачи, тие всушност паѓаат во стапицата во која неодамна толку ефектно паднаа противниците на Брегзит и на Доналд Трамп.

Повеќе
  7440 Кликови
  0 Коментари

Јавен долг - неодржлива пaтека и нетранспарентна Влада

Јавниот долг на РМ изнесува околу 4 милијарди и 830 милиони евра. Од крајот на 2010 година до денес, тој растел за 1,3 милиони евра дневно, 54 илјади евра на час или 16 евра во секунда. Иако Република Македонија засега ги надмирува своите обврски за враќањето на јавниот долг, патеката по која се движи е неодржлива. Важно е и како Владата ги троши и управува парите, а во тој дел бележи пад во транспарентноста. Наредната влада мора да биде потранспарентна и да ги преиспита стратешките цели на буџетските корисници. Приоритетите за трошењата од јавниот долг и за идниот развој треба да се определат заедно со синдикатите, работодавачите и граѓанскиот сектор. ResPublica видео поткаст со Марјан Николов од Центарот за економски анализи и Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија.

Повеќе
  171 Кликови
  0 Коментари

Независноста на Државниот завод за ревизија заглави со уставните измени

Габриела Димовска

gdimovska 250Државниот завод за ревизија нема доволно финансиски средства да спроведува целосна годишна ревизија на трошењето на парите од буџетот, ниту пак има законски надлежности да ги казнува институциите што не ги спроведуваат препораките на државниот ревизор, а неговата независност и ефикасно работење зависи од политичката волја.

Повеќе
  4368 Кликови
  1 Коментар

Фискална лудачка кошула

Вуко Мелов

vuko blogerФискалната недисциплина преку креирањето на големите буџетски дефицити иницираше јавниот долг на Република Македонија во изминатите осум години да расте со геометриска прогресија и од ниско задолжена земјата набрзина да скокне во друштвото на средно задолжени земји. Овој тренд на трошење и позајмување на јавниот сектор полека ја наметнува фискалната лудачка кошула околу нашите јавни финансии.

Повеќе
  4864 Кликови
  0 Коментари

Храбра, но (по)паметна фискална политика по изборите

Д-р Марјан Петрески

mpetreski blogerНивото на јавниот долг од 50.6 отсто од БДП не е високо. Но гледано од апсект на брзината на порастот и намената на позајмените пари, долгот зазема опасни размери. Првите разумни чекори после изборите треба да бидат намалување на буџетските дефицити и тековните трошоци, особено за пензискиот и социјалниот систем, и давање приоритет на капиталните трошења.

Повеќе
  5904 Кликови
  0 Коментари

Три работи кои треба да ги научиме од полициските службенички

Мартин Манасков

MartinManaskov nova blogerЖените полицајки се помалку корумпирани од мажите, главно не употребуваат прекумерна сила и ја зголемуваат довербата на ранливите категории граѓани во полицијата.

Повеќе
  14114 Кликови
  0 Коментари

Електричните парализатори и гумените куршуми ги кршат човековите права

Горица Наџинска

gorica nadjinskaИ со најновите измени на Законот за полиција, овластувањата на службените лица за користење електрични парализатори и гумени куршуми за контрола на граѓански протести и демонстрации грубо се нарушуваат човековите права на граѓаните.

Повеќе
  6705 Кликови
  0 Коментари

Правичен надомест за користење текстови и фотографии

Зоран Гега Маџовски

Zoran Gega Madzovski 200x250Новинарите и медиумските работници во Македонија немаат информации за тоа колку се користат нивните дела и не можат да проценат дали се правично платени. Европската комисија предложи директива за авторски права која ќе помогне да им се даде повеќе моќ на новинарите. Сепак, пред се`, е потребна солидарност и да се избегнуваат оправдувања дека некој автор сам се договорил и се согласил поинаку.

Повеќе
  4878 Кликови
  0 Коментари

ДПМНЕ и името: како се пропушти историска шанса

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogМнозинството гласачи на архинепријателските партии се неверојатно сложни во отпорот кон компромис за името и промена на името би била рамна на политичко самоубиство за која било власт и под кои било околности. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ пропушти историска шанса да искористи три уникатно поволни околности за решавање на спорот за името со Грција.

Повеќе
  12018 Кликови
  0 Коментари

Како се трошат студентските пари?

Финансискиот извештај на Студентскиот парламент за 2014 и 2015 година покажал дека околу 43.000 евра се потрошени за лични патувања во Русија, Азербејџан, Грузија..., за телефонски разговори и до 1.000 евра, за организирање забави, па дури и за купување виски. Иако Студентскиот парламент е регистриран како невладина организација, сите студенти мораат да уплаќаат на неговата сметка, а не знаат како се трошат нивните пари. Оваа студентска организација не ги поддржува студентите за учество на меѓународни натпревари, семинари и други настани, па тие се приморани да се финансираат сами. ResPublica видео поткаст со студентите на УКИМ Теодора Столевска и Горан Таневски.

Повеќе
  129 Кликови
  0 Коментари

Рекреацијата во природа бара лична одговорност

Кирил Пржо

kiril przoВо Македонија постои сериозен системски проблем за контрола на движење во природата, па со тоа најголемата одговорност за безбедноста на околината паѓа на совеста на рекреативците и посетителите. Посетата е делумно регулирана во националните паркови, а за сите останати подрачја не постои една општа служба што би се грижела за состојбата и управувањето директно на терен.

Повеќе
  8759 Кликови
  0 Коментари
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не