fbpx
 

Без оглед дали ќе биде поништена или не, аболицијата нема правна сила

доц. д-р Димитар Апасиев

dimitar apasievКонтроверзната и избрзана „аболиција“, дадена ненадејно од страна на Претседателот на РМ – проф. д-р Ѓорге Иванов, може да се спори по најмалку три правни основи. Притоа, заклучокот до кој ќе дојдеме е дека таа е противправен, уставно невалиден и законски недопуштен правен акт кој не може да произведе никакво правно дејство, по сите долунаведени основи.

 

Повеќе
  20301 Кликови
  0 Коментари

Да се свика Собранието за да се ограничи моќта на Претседателот за помилување

Ивана Туфегџиќ

ivana tufegdzicПо најавите дека треба да се најдат механизми за свикување на Собранието на Република Македонија и тоа да заседава за решавање на политичката криза, една од иницијативите која може да се реафирмира е измена или носење нов закон за помилување. На тој начин, на Претседателот на државата може да му се ограничат надлежностите за помилување и аболиција. Истовремено, ќе се застане на патот на контроверзната одлука на Уставниот суд од пред два месеца, со која на претседателот Иванов му се овозможи да помилува лица кои сториле изборни измами.

Повеќе
  5831 Кликови
  0 Коментари

Интеграција со сегрегација во македонското образование

м-р Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Врвот на уништувањето на образовниот систем во Македонија се достигна со масовната и политички поттикнатата сегрегација која се врши по етничка основа. На почетокот на 1990-тите, имаше основни и средни училишта во кои учеа деца од различни етнички групи, иако разделени по смени, како во средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје и во основното училиште „Братство Миѓени“ во Тетово. Денес, училиштата се физички раздвоени и во нив учениците освен со припадници од својот етникум, не се сретнуваат ниту се дружат со деца од други етнички заедници.

Повеќе
  3989 Кликови
  1 Коментар

Попис ќе го олесни креирањето на реален избирачки список

Славко Миладиновски

slavko miladinovskiРезултатите од пропаднатиот попис во 2011 година секако ќе помогнеа за прочистувањето на избирачкиот список и јасно ќе прикажеа колкав е електоратот во Македонија, и тоа според изборни единици и општини. Стравот на политичките партии од стапката на иселување тогаш беше една од главните причини за неспроведувањето на пописот, а денес за непрочистувањето на избирачкиот список.

Повеќе
  4494 Кликови
  0 Коментари

Колку Македонија може да си ги дозволи политиките за странски инвестиции?

м-р Весна Гарванлиева Андонова

vesna andonovaИ Македонија стана дел од глобалната и регионалната „трка до дно“ за тоа кој повеќе ќе понуди да привлече странски инвеститори преку поголема дерегулација и повисоки стимулативни мерки. Да, овие политики се легитимни. Но остануваат прашањата дали тие носат корист наспроти тоа колку ги чинат граѓаните и до кога и колку Македонија може да си дозволи вакви политики. Колку е тоа што го даваме, а колку е тоа што го добиваме?

Повеќе
  5792 Кликови
  1 Коментар

Патот од груевизмот до консолидирана демократија го открива теоријата на рационален избор

м-р Иво Босилков

ivo bosilkovНикола Груевски може да биде критикуван за многу работи. Меѓутоа за една работа, де факто шефот на македонската држава не може да биде критикуван, а тоа е неговата рационалност. Никола Груевски е исклучително рационален политички актер. Ако не би бил, немаше да фигурира повеќе од една деценија како најмоќен човек во Македонија.

 

Повеќе
  6852 Кликови
  6 Коментари

Меѓународното право дозволува понатамошно објавување на „бомбите“

д-р Воислав Стојановски

voislav sЈавноста има право да знае кој се однесува незаконски и кој бил или се` уште е опасен за општеството, за да влијае превентивно и одвраќачки кон останатите. Дали правото на приватност на инкриминираните функционери е пречка јавноста да дознае за нивното незаконито владеење? Според Европскиот суд и Венецијанската комисија, објавувањето на сите делови од нелегално прислушуваните материјали би биле дозволени зашто откриваат можно кривично поведение што би придонело кон дебата од јавен интерес.

Повеќе
  6620 Кликови
  1 Коментар

Надградувајќи ја утопијата

проф. д-р Минас Бакалчев

minas bakalcevРемек-делата на модерната архитектура од блиското минато на Скопје беа „невидливи“, а со тоа предизвикаа потреба од нов наративен слој на прераскажување и измислување. Зграда по зграда, фасада по фасада, над „невидливиот“ град, добиваме нов слој од приказни, фигури, апликации, репрезентации на столбови, капители, балустради и венци од најразличен вид и најразличен стил. Ударот на згради од модерната е неселективен и во однос на периодот и во однос на авторите, а неговиот размер е зачудувачки.

Повеќе
  5605 Кликови
  0 Коментари

Колку е убаво да си професионален!

д-р Татјана Б. Ефтимоска

tatjana eftimoskaОгромен процент академски граѓани се, едноставно, неписмени. Скарани се со основна писменост, правопис и правоговор. Пратениците, со своите сочни идиоми, го претворија Собранието на РМ во вистинско извориште на дијалекти, најразновиден жаргонски, дури и уличен говор. Новинарите и актерите исто така честопати имаат проблеми со писменоста, несоодветната интонација и неправилното акцентирање.

Повеќе
  8807 Кликови
  1 Коментар

Kлиентелизмот во медиумите удар врз јавниот интерес

д-р Сефер Тахири

sefer tahiriИлузија е да се мисли дека новинарите имаат слобода да објавуваат негативни вести или да известуваат за спорови за компаниите кои се директни сопственици на медиумите или се во бизнис релации со одредениот медиум. Многу често се емитуваат вести за псевдо-настани односно настани кои имаат маркетиншка или пи-ар функција, иако тоа е спротивно на Етичкиот кодекс на новинарите.

Повеќе
  2494 Кликови
  0 Коментари

Дали Груевски може да ни се повтори?

д-р Ненад Живановски

nenadПоразот на здравиот разум и агонијата на животот кои ни се случуваат последниве десетина години, кај многумина го поставуваат прашањето дали сето ова можело да се предвиди, па и да се спречи!? Барањето одговор како си го дозволивме ова, консеквентно води и до ново прашање дали истото може пак да ни се повтори.

 

Повеќе
  6545 Кликови
  3 Коментари

Македонските учебници го дерогираат образовниот систем

Елизабета Секирарска

sekirarska elizabetaСостојбите со македонското учебникарство и учебниците кои се користат во наставата станаа навистина драматични последниве години. Концепцијата на учебниците и вредностите кои им ги нудат на учениците сериозно го доведуваат во прашање нивниот квалитет. Сведоци сме на неквалитетни учебници, полни со погрешни факти, со неточни информации и со искривени вредности кои идеолошки индоктринираат цели генерации.

Повеќе
  8864 Кликови
  2 Коментари

Зошто правосудството го попречува владеењето на правото?

д-р Дане Талески

daneПолитичкото влијание на ВМРО-ДПМНЕ е главниот проблем што ја ограничува независноста на правосудството во Македонија. Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се посреден инструмент преку кој се спроведува политичката контрола. За да се избегне зависноста од владејачка партија, правосудството треба повеќе да се потпре на своите капацитети, да ја зголеми транспарентноста и да започне поблиска соработка со цивилното општество.

Повеќе
  3333 Кликови
  0 Коментари

Законот за укажувачите: заштита на свиркачи или откривање на кодоши

м-р Бојан Георгиевски

bojan georgievskiЗаконот за заштита на укажувачите содржи неколку одредби чија примена може да биде проблематична. Поконкретно, „свиркачите“ треба да бидат заштитени кога ќе пријавуваат и директно во медиуми или граѓански организации и треба да се гарантира независност на внатрешните канали на пријавување.

Повеќе
  3989 Кликови
  0 Коментари

Да се запре власта – тоа е суштината на Уставот

д-р Димитар Апасиев

dimitar apasievНека овде ми биде дозволено стручно да спорам со уставните судии, провоцирајќи ја нивната професионална етика, граѓанска свест и човечка совест, бидејќи „она што е личноста за поединецот, тоа е уставот за општеството“.1 Притоа, јас не би им го поставил Раселовото прашање „Како“ – како тие ги носат одлуките?, туку Шопенхауровото прашање Зошто – зошто, по ѓаволите, постојат во нашиот правен систем?

Всушност, јас ја проблематизирам нивната комотна и неодговорна позиција, јавно прозивајќи ги за тоа што се ставија во улога на уставотворци и законодавци, па преку нечесно изигрување на правото дозволија Претседателот на Републиката повторно да може да помилува педофили, нарко-дилери, терористи и изборни местачи.

Повеќе
  7190 Кликови
  1 Коментар

Лажните придобивки од слободните економски зони

Константин Битраков

kostantin bitrakovТехнолошко-индустриските развојни зони се економска преродба или економски спин? Истражувачите ги истакнуваат огромните трошоци кои ги сноси државата за поддршка и помагање на инвеститорите во слободните зони. Без измени на законодавството, власта со парите на граѓаните само ќе продолжи да им „плаќа“ на инвеститорите да вложуваат во зоните, без притоа крајниот бенефит да го почувствуваат самите граѓани.

Повеќе
  7246 Кликови
  0 Коментари

Битката за заштита на јавниот интерес низ призмата на Чешка

Зоран Ќука

zoran kjuka„Работа на медиумите е да ја заинтересираат јавноста за јавниот интерес“. Ова е една од многуте искажани „мудрости“ која има значење и на исток и на запад. Борбата за здраво демократско општество во која е клучна улогата на медиумите како чувари на демократијата никогаш не престанува, бидејќи независноста на медиумите е се уште релативна и во таканаречените слободни општества.

Повеќе
  2610 Кликови
  0 Коментари

Екстерното тестирање како експеримент за девалвација на знаењата

Билјана Димковска

biljana dimkovskaНа крајот од оваа учебна година, средношколците и основците ќе полагаат екстерен тест, со што повторно се актуелизира прашањето за оправданоста од ваков вид на проверка на нивното знаење. Постоечкиот концепт во Македонија содржи дефект во својата суштина поради повеќе моменти.

 

 

Повеќе
Тагови:
  14791 Кликови
  1 Коментар

Да се преброиме пред да избереме легитимна власт

м-р Радица Тодоровска

radica todorovska24 декември 2012... спорно изгласување на буџетот за 2013 година... опозицијата надвор од Собранието... враќање на мандатите од страна на опозицијата... политички бомби објавени од опозицијата... политичка криза... барање решение за излез од кризата и враќање на опозицијата во парламентот... договор од Пржино... предвремени парламентарни избори 2016. Во услови на долготрајна политичка криза изборите се нужно решение. Но, и за избори треба услови.

 

Повеќе
  10351 Кликови
  0 Коментари

Галичица - национален, а не забавен парк

Кирил Пржо и Магдалена Петкова

kiril arsovskimagdalena petkovaСостојбата на националниот парк „Галичица“ е прашање од национално значење. Најавите за изградба на големите проекти директно го загрозува статусот на поголемиот дел на подрачјето што се наоѓа под различна заштита.

 

 

Повеќе
  12880 Кликови
  0 Коментари
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не